Жозе Мурињо за шпанските медиуми потврди дека ќе биде новиот менаџер на Челзи, официјално треба да биде потврден до крајот на оваа недела.
Она што сите го знаеа, сега го потврди и самиот Жозе Мурињо, Португалецот се враќа на Стемфорд Бриџ.
„Во понеделник патувам во Лондон и до крајот на неделата ќе станам менаџер на Челзи” – изјави Мурињо во телевизиското фудбалско шоу Punto Pelota.
„Чувствувам дека таму луѓето ме сакаат, во животот треба да го барате тоа”.
„Животот е прекрасен и краток, па мора да гледате што е најдобро за вас”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал