Мурињо никогаш не губи на три гостувања по ред

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, во досегашната кариера никогаш нема загубено на три последователни гостувања, а тоа би можело да му се случи вечерва, доколку „Кралскиот клуб“ забележи нов пораз од Рајо Ваљекано.

Оваа сезона Реал веќе има два порази на гости, во второто коло од Хетафе (2:1) и на минатото гостување против Севиља (1:0).

Мурињо како тренер на Леирија во сезоната 2001/02 загуби на две гостувања по ред, против Боависта и против Варзим, а потоа и со Челзи, во сезоната 2005/06 имаше два последователни порази на гостински терен, против Блекбурн и против Њукасл.

Вечерва Реал Мадрид е голем фаворит на пресметката со Рајо Ваљекано во предградието на Мадрид и едноставно мора да победи ако сака барем да одржи теоретски шанси за одбрана на титулата.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Барселона веќе има 11 поени предност на табелата, а „Кралевите“ со победа би можеле да ја намалат негативата на осум поени.

- Реклама -