Мурињо: Одигравме сериозен натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо е задоволен од победата над Галатасарај, вели дека убедливиот триумф е резултат на сериозно сфатената работа.

Реал Мадрид синоќа со убедливи 3-0 ја победи екипата на Галатасарај и речиси го обезбеди пласманот во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Мурињо има пофалби за своите фудбалери, особено за дефанзивниот дел од тимот.

„Мислам дека одигравме сериозно, шпанските медиуми немаа многу почит кон Галатасарај, но ние имавме” – изјави Мурињо за Sky Sports.

„Знаевме дека имаат добар тим, имаат фантастични напаѓачи, опасни се во секој напад и се подготвивме многу добро за натпреварот, мислам дека дефанзивно одигравме подобро од офанзивно”.

„Мислам дека во нападот не бевме доволно добри, требаше да постигнеме повеќе голови, но дефанзивно добро ја анализиравме ситуацијата и тимот одигра многу добро”.

„Резултатот е многу добар, доколку постигнеме гол во Турција тие ќе треба да постигнат пет, но во фудбалот сум видел многу неверојатни работи и ништо не може да ме изненади, Истанбул е тешко место за игра”.

„Тие имаат играчи со големо искуство, со голем карактер и личност и ќе се борат напорно против нас, знаеме дека таму треба да одиграме уште еден сериозен натпревар за да поминеме понатаму”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -