Мурињо го напушти пресот лут на новинарските прашања

Жозе Мурињо вчера лут ја напушти прес конференцијата пред натпреварот со Стеауа, откако новинарите почнаа да го прашуваат за остуството на Кевин Де Брујн.

Де Брујн остана во Лондон, па новинарите прашаа за причината поради која белгискиот фудбалер не е во составот. Мурињо не ги прифати најдобро овие прашања.

„Ова е фантастично бидејќи никој не ме прашува за Мата. Три недели зборувавте за Мата, и сега зборувате за Кевин Де Брујн” – започна Мурињо да одговара на прашањето за отсуството белгискиот фудбалер.

„Не сте заинтересирани за фудбалерите кои играат? Ве интересираат фудбалерите кои не играат”.

„Тој не е селектиран. Тоа е моја одлука. Само 11 можат да играат и 18 да бидат селектирани”.

„Одлуките ги носам од она што фудбалерите го покажуваат на теренот кога играат и кога тренираат”.

„Бев искрен со Мата и му реков дека ќе игра утре поради она што го работеше на тренинзите и она што го прикажа на натпреварите на кои играше”.

„Со Кевин е истото. Не е во составот бидејќи не ми се допадна како одигра против Свиндон и не ми се допаѓаше како работеше на тренинзите”.

„Но вашата тенденција е да зборувате само за оние кои не се селектирани. Се гледаме утре”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -