Мурињо ги подгрева шпекулациите за враќање во Челзи

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо вели дека кога ќе го напушти Сантијаго Бернабеу би можел да се врати во некој од клубовите кои веќе ги водел.

Иднината на Жозе Мурињо во Реал Мадрид е неизвесна, бројни се гласините дека Португалецот ја одработува последната сезона во Кралскиот клуб.

Бенитез ќе ја доврши тековната сезона со Челзи, но потоа ќе го напушти лондонскиот клуб.

Роман Абрамович е во потрага по нов тренер, а како еден од најсериозните кандидати се споменува Жозе Мурињо.

Со последните изјави Мурињо ги подгреа шпекулациите кои велат дека би можел да се врати во Челзи.

„Имам авантуристички дух и не знам што ќе се случи следната сезона” – изјави Мурињо за Maxifoot.

„Не е лесно да се избере нова дестинација кога веќе сте работеле во Англија, Португалија, Италија и Шпанија”.

„Можеби ќе отидам некаде каде што сум бил и претходно. Бидете подготвени за изненадувања”.

Финансиите и желбата на Мурињо да се врати во Англија го ставаат Челзи во фаворитска улога кога се работи за враќање на Португалецот во свој поранешен клуб, но не се исклучува можноста тоа да биде и Интер.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -