Мундијалот го одложи дел од натпреварите во Ла Лига

Стартот на шпанското првенство е предвиден за 15. август, но сосема е јасно дека дел од натпреварите од првото коло ќе бидат одложени и ќе се одиграат во нови термини. Главната причина за тоа е учеството на многу фудбалери на Светското првенство, по завршувањето на кое тие ќе имаат право на тринеделна пауза пред да се вратат на клупските обврски.

Сигурно ќе бидат одложени натпреварите: Барселона против Атлетик Билбао, Реал Мадрид против Реал Сосиедад, Селта против Осасуна и Атлетико Мадрид против Малага. Во зависност од исходот на дуелот помеѓу Аргентина и Швајцарија, можно е одлагање и на дуелот Валенсија против Реал Бетис или Севиља против Рајо Ваљекано.

Се на се, можно е во првото коло да се одиграат пет натпревари.