Мултимилионер бара да купи планина за да си направи свој Маунт Рашмор

Веројатно веќе сте запознаени со Маунт Рашмор, или ако ништо друго барем сте го виделе во десетина филмови – национален споменик во САД на кој на површина од околу 5 километри квадратни се изделкани ликовите на според многумина, најзначајните четворица претседатели и воопшто ликови во американската историја – Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

Сега еден Британец сака да им конкурира. Како што пренесува „Скотиш Хералд“, мултимилионерот објавил оглас на веб страната за луксузни стоки HushHush, во кој бара да купи планина во Шкотска на која ќе може да изгради сличен споменик како на Маунт Рашмор. За таа цел, анонимниот мултимилионер нуди околу 15.5 милиони долари.

 

Но да нема заблуди, Британецот нема намера да му прави споменик на британското кралство семејство, на Винстон Черчил, на Маргарет Тачер, или пак на Битлси, да речеме. Не, богаташов сака да направи споменик од својот и ликовите на неговото семејство. Токму тоа е еден од условите во огласот – дека планината треба да е доволно голема за да го собере него, сопругата, тројцата синови, ќерката и неговото куче. Да повториме: и неговото куче…

Дел од Британците го сфатија ова како шега, но како што пренесува британскиот „Metro“, милионерот е сосема сериозен. Притоа, ова не му е првпат да подарува екстравагантни подароци за семејството. Еден од нив е приватен тропски остров.

Што се однесува до последната нарачка на милионерот на веб сајтот HushHush, направена е минатата недела и се работи за скап ѓердан за неговата сопруга, дознаваат британските магазини.

- Реклама -