Каде што има двајца, има и конфликт. Секој ден треба да се справуваме со разни луѓе, а колку повеќе општествени улоги играш, толко повеќе спротивставени гледни точки сретнуваш. Токму додека ги заштитуваме своите позиции пред противникот, понекогаш започнуваме полн психолошки судир, кој често води до психолошки трауми. Неопходно ли е?
Психолошкото аикидо, на пример, наликува на балансирање на врвот на топка – балансирање против агресијата. Предавајќи се, вие го издржувате тестот, велат на истокот.
• Предајте се, за да го ослабнете противникот.
• Не се борете, зашто неизбежно ќе станете тоа против кое се борите. Прекумерна сила води кон спротивниот резултат.
• Научете се да бидете водени, за да можете да водите.
• Човекот кој ви вреска е во состојба на афект. Тоа значи дека разумот му е исклучен. СМешно е да се обидуваш да говориш со некој кому умот му е исклучен. Исто е како да му говориш на човек додека спие. Сте виделе ли некој некому да му прети додека е во добро расположение?
• Да врескаш и викаш како одговор е како да му фрлаш котва на давеник. Тој веќе се дави во сопствениот бес. Не му помагај во тоа.
• Што правиме кога се чувствуваме лошо? Обвинуваме, викаме, плачеме. Ете зошто, кога некој вика кон нас, прво што треба да знаеме е дека се чувствува лошо.
• Како да натерате некого да престане да ви вика? Замолчете и почекајте емоциите да се оладат. Не ги слушајте зборовите – тие се само крикот на болката. А како да ја одржите самодовербата? Така што внатрешно ќе се пофалите самите себе – на пример, за талентот што сте го покажале во тоа да останете смирени дури и со таков човек, дури и во таква ситуација. Простото молчење е како студена вода. Додека противникот вика, вие го гледате и слушате внимателно. Почекајте да се олади.
Да се одлучите да молчите кога горите од желба да ја докажете исправноста е тешка задача, но секогаш се исплати. Ако едната страна во конфликтот се однесува мудро, секој вклучен е мирен. Затоа е важно да се совлата психолошкото аикидо – така го зачувувате сопственото здравје, но и спокојството на блиските.