Алберт Ајнштајн не бил само генијален научник, туку и филoзиф чиј што ум го окупирале бројни теми како човекова психологија, смисла на животот, љубов, војна и бројни други.
Овој генијалец, заслужен за објавување на теоријата на релативитет не видел плодови од својата работа се додека наполнил 42 години, кога му е доделена Нобеловата награда за физика и добива национално признание.
Покрај тоа, тој бил талентиран музичар, како и борец за човекови права. Често срамежлив и повлечен, ќе остане запаметен и како исклучително мудар човек, со многу интересни мисли за животот, мирот, војната, предрасудите… Вака говорел Ајнштајн.
За мирот
„ Мирот не може да се одржи со сила. Тој може да биде постигнат само со разбирање“.
За релативноста
„ Стави рака на површината на врел шпорет на минута и ќе ти се чини како таму да ја држиш еден час. Помини еден час во друштво на убава девојка и ќе ти се чини како минута. Тоа е релативност“.
За предрасудите
„Потешко е да ги разбиеш предрасудите, отколку да разбиеш атом“.
За животот
„ Животот е како возење со велосипед. За да одржите баланс, морате постојано да се движите“.
За лудоста
„ Лудост е да правите иста работа X пати и да очекувате поинакви резултати“
За генијалците
„Немам некој посебен талент. Само сум страшно љубопитен. Важно е никогаш да не престанеш да поставуваш прашања“.
За злото
„ Светот е опасно место. Но, не поради злите и опасни луѓе, туку поради луѓе кои не прават ништо по тоа прашање“.