Муцунски и Герапетритис утре ќе се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Инаку, Муцунски и Герапетритис утре ќе учеествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк за утре е предвидена билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите на Грција на Северна Македонија, односно меѓу Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски. Оваа информација ја потврди грчкото Министерство за надворешни работи.

Шефовите на дипломатиите на Грција на Северна Македонија, Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски утре ќе се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Ова ќе биде прва средба меѓу министрите на двете држави.

„На маргините на работата на Генералното собрание, министерот Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Северна Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија“,

пишува во соопштението од Министерството за надвореешни работи на Грција.

Инаку, Муцунски и Герапетритис утре ќе учеествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.

Инаку, шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис досега неколку пати го повтории ставот дека Договорот од Преспа е меѓународен договор кој предвидува обврски што во потполност треба да се почитуваат.  

Веќе неколку пати досега, Герапетритис посочи дека одлуката на раководството на Северна Македонија да не го користи уставното име Северна Македонија на домашната сцена е флагрантно кршење на Преспанскиот договор.

Според Муцунски, со соседна Грција треба да соработуваме, откако како соседи треба да имаме предизвици во делот на економијата, трговијата и отворањето на нови гранични премини.

Како што изјави тој во јули годинава, смета дека Владата нема проблем со Грција, бидејќи, според него, со нивното постапување го почитувале Преспанскиот договор.

- Реклама -