Муцунски – Фајон: Словенија ќе и помогне на земјава за исполнување на условите за членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел имаше средба со неговата словенечка колешка Тања Фајон.

Како што објави словенечкото Министерство за надворешни работи на Икс, главна тема на средбата била европската перспектива на земјава.

-Словенија е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ. Затоа ќе се потрудиме да ви помогнеме да ги спроведете вашите обврски за исполнување на условите членство, порачала Фајон на средбата.

Во изјава при доаѓањето на министерскиот состанок, Фајон го поздрави именувањето на поранешната македонска вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, оценувајќи дека тоа претставува признание за земјава и придонесува за поголема родова еднаквост во Алијансата.

Прочитајте и:  Муцунски: Прерано е да се дискутира за прием на Украина во НАТО
- Реклама -