На 70-годишник му била отстранета 10-сантиметарска вилушка од пенисот, откако останала заглавена во уретрата за време на сексуален акт.
„Несреќниот инцидент“ во Австралија бил опишан од тројцата хирурзи кои учествувале во операцијата за отсранување на кујнскиот инструмент. Тие раскажуваат за пристигнувањето на пензионерот во болницата, откако се случила несреќата со кујнскиот прибор при обидот да постигне сексуален климакс.
По извесно време, интензивна лубрикација и целосна анестезија, хирурзите успеале да го отстранат „непожелниот“ објект. „Несомнено е дека човечкиот ум е неограничен, особено во креативноста“ – пишуваат докторите за „Интернационалниот журнал за хируршки случаи“.
Автоеротската стимулација со помош на самоинсертирани страни тела во уретрата постои од многу одамна и е нејасна, но позната глетка за уролозите.
Во извештајот за случката се напомнати и други слични случаи на употреба на најразлични објекти, меѓу кои четки за заби, моливи и сијалици.
Доколку некој има објаснување како всушност е возможна ваква несреќа, го молиме да не го споделува.