Му се смее цел свет: Тетоважата со грешка стана интернет хит

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хрватот Марио Манџукиќ стана предмет на исмејување на социјалните мрежи, бидејќи израелските медиуми констатираа дека неговата тетоважа е погрешно напишана.

Во текот на еден дуел на Реал во првиот меч на четвртфиналето од Лигата на шампиони, хрватскиот напаѓач се најде на земјата. Дресот се развлече, а на голиот грб се виде новата тетоважа на Манџукиќ испишана на хебрејски јазик.

Требало да пишува „Она што не те убива, ќе те направи посилен“.

Меѓутоа, израелските медиуми наведуваат дека тетоважата на хрватскиот фудбалер е напишана погрешно. Наместо од десно кон лево, како што се пишува на хебрејски, таа е напишана од лево кон десно. Наводно тоа не е се, бидејќи постојат уште неколку граматички грешки.

„ Што не е ме убие, ме прави посилен“, наводно пишувало, според израелските медиуми.

t

 

- Реклама -