Кога биолошкиот часовник ќе почне да отчукува…
Актерката Џесика Бил веќе е во години кога опасно почнал да отчукува биолошкиот часовник. Како што пренесуваат американските медиуми, познатата сопруга на Џастин Тимберлејк смета дека е крајно време да основаат семејство и да го прошират истото. Наводно оваа убавица му се заканила дека ќе го остави ако не се согласи да имаат деца.
Приказната дека овој пар и предходно имале проблеми околу тоа што Џастин не сака деца, а Џесика сака.
„Сега конечно пукна. Му даде ултиматум дека ќе го остави доколку не го промени мислењето“, вели извор.
Оваа вест го престрашила познатиот пејач и сега сериозно мора да ги преиспита своите ставови. Но, исто така признава дека самиот е виновен во ситуацијата во која се најде себеси, пишуваат американските медиуми.
„Пред свадбата тој тврдеше дека во бракот веднаш ќе почнат да работат на бебе, но тоа со години не се случи. Од друга страна, Џесика е нестрплива и едвај чека да стане мајка“, заклучува изворот.