Му посакале добредојде на првото девојче во семејството, после 1809. година

Последниот пат кога во семејството на Марк Лавриј се родило девојче бил бил 1809 година, а Марк кој има еден син од бракот со Хана и две момчиња од претходниот барк, мислел дека не е возможно да добие ќерка.

Сепак, госпоѓа Лавриј имала голема желба, па и идеја како да добие девојче и да го комплетира семејството. Хана прво консултирала доктори, за да ја исклучи можноста дека во семето на Лавријеви постои некое пореметување поради кое прават исклучиво момчиња. Кога им кажале дека ништо не недостасува и шансите се 50/50 , таа продолжила со потрагата за „рецепт“ за добивање на девојче.

Хана започнала да верува во теоријата која тврди дека сперматозоидите што го одредуваат машкиот пол пливаат побрзо, а женските побавно но живеат подолго, што значи дека паровите кои сакаат девојче ќе имаат повеќе успех, доколку имаат секс пред овулацијата.

Иако не се сигурни дека овој метод навистина „запалил“ или тоа што се случило е сосема случајно, тие неодамна и посакаа добредојде на ќерката Мили.

„Останав без текст, имам три момчиња, а и мојот брат има син. Конечно ќерка во семејството“, вели среќниот татко.

- Реклама -