Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Првично, денеска до МВР околу 12 часот пристигнале пријави од 5 училишта, но како што информираа од министерството, подоцна пристигнале пријави за закани со бомба од уште три училишта.
По пријавите, како што потенцираа од полицијата, испратени беа тимови за антитерористички проверки, а учениците и вработените беа евакуирани од објектите.