Отсега корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово дел од своето слободно време може да го минуваат уживајќи во квалитетна телевизиска содржина. Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ постави mSAT TV во заедничката просторија на домот каде сите жители ќе имаат можност да следат повеќе од 140 телевизиски канали од mSAT TV Max пакетот.
„Како компанија која меѓу своите приоритети ја има и општествената одговорност, огромно задоволство ни е што можевме преку оваа донација да придонесеме за попријатен престој на лицата во Домот и да им овозможиме дел од своето слободно време да го поминат уживајќи во квалитетните телевизиски содржини кои ги нуди нашата сателитска телевизија mSAT TV“, велат од МТЕЛ.
Донацијата следеше откако еден од корисниците на Домот, задоволен од услугите на МТЕЛ кои тој лично ги користел, испратил писмо до компанијата изразувајќи задоволство и пофални зборови за содржините кои ги нуди МТЕЛ.
* Комерцијален текст