Мравките користат паразити како платеници

Научниците дошле до заклучок дека во мравјалникот натрапниците се помалото зло од напаѓачите.

Имено, мравките фармери „регрутираат” паразити  кои се борат за нив,  што е слично на популарната пракса меѓу луѓето,  да се користат платеници против напаѓачите. Научниците велат дека откритието е уште еден доказ за сложените односи помеѓу видовите во природата.

Ентомолозите ги истражувале инсектите Sericomyrmex во Панама, кои придонесуваат за ширењето на мувла во градините. Тие редовно биле напаѓани  од паразитски мравки по име Megalomyrmex (напаѓачи) кои ги колонизирале  и на тој начин развивале спирали  на нивните колонии.

За изненадување на научниците, сепак, кога се појавија трет вид мравки Gnamptogenys, паразитите се приклучија како борци и почнаа да ги заштитуваат  своите потчинети домаќини кои ги прехрануваат  и им обезбедуваат дом во мравјалникот.

Излегува дека во мравјалникот  натрапниците се помалото зло од напаѓачите, велат во заклучок научниците.

- Реклама -