Мравка и пркоси на гравитацијата и носи товар 100 пати потежок од нејзе

mravkaОваа фасцинантна фотографија со мравка која носи тег со тежина 100 пати поголема од нејзината доби прва награда на натпреварот за научна фотографија. На фотографијата може да се види азиска мравка ткајачка што виси отпревртена на стаклена површина и држи тег од 500 милиграми во нејзината вилица.

Оваа фасцинантна фотографија со мравка која носи тег со тежина 100 пати поголема од нејзината доби прва награда на натпреварот за научна фотографија. На фотографијата може да се види азиска мравка ткајачка што виси отпревртена на стаклена површина и држи тег од 500 милиграми во нејзината вилица.

article-1252481-0862614A000005DC-49_634x947

Фотографијата ја направи Др. Томас Ендлеин од одделот за зоологија на Кембриџ кој ја испитуваше лепливоста на екстремитетите кај мравките и другите инсекти.

Според Ендлеин, мравките можат да го менуваат лепливиот дел на нивните нозе во зависност од товарот кој го носат. Доколку тоа е тежок товар тие го зголемуваат делот кој се лепи не површината, а се случува обратниот процес во случај тие да треба да побегнат. Тој додава дека со проучувањето на екстремитетите кај мравките со кои тие и пркосат на гравитацијата, во иднина може да се развиваат подобри лепила. „Перничињата“ на нозете на мравките се самочистечки и можат да се залепат на речиси секаква површина. Ниедно лепило или адхезив создаден од човекот не може да се мери со овој природен механизам кај мравките.

Тој исто така објасни како успеал да постигне мравката да држи таква тежина. Имено, мравките се многу агресивни по природа, па така тие ќе зграпчат и ќе загризаат се што ќе им се постави во нивна близина. Откако ќе го зграпчат, тие не го пуштаат се додека се трудат да ја одбранат својата територија. Уште повеќе се агресивни доколку се раздразнат со CO2 – тие тогаш стануваат навистина злобни и бесни.

Фотографијата ја освои првата награда на Biotechnology And Biological Sciences Research Council science photo competition. [Pictured: Incredible gravity-defying ant that can carry 100 times its body weight]

- Реклама -