Различни луѓе употребуваат различни методи за да се изборат со депресијата, а за Едвард Хонкер таквиот механизам е самофотографирањето.
Неговите фотографии ја претвораат депресијата во нешто може да биде видено, со цел да биде подобро разбрано.
На 21 годишниот фотограф му била дијагностицирана депресија пред две години.
„ Се што знаев е дека започнав да станувам лош во работите во кои обично сум добар, и не знаев зошто е тоа така“, раскажува малдиот фотограф.
„ Твојот ум е тоа што си ти, и кога не работи соодветно, тоа е застрашувачко.“
Тој додава дека е тешко да се чувствува кога си депресивен, и смета дека уметноста е она што може да ги помрдне луѓето од мртва точка“.
Ова се неговите автопортрети.