Мозокот почнува да старее на 27 години

Повеќе... Според американските научници, првиот знак на стареење е опаѓањето на менталните способности после 27-мата година, откако истите ќе ја доживеат својата кулминација на 22-годишна возраст.


calculating_deals.jpgСпоред американските научници, првиот знак на стареење е опаѓањето на
менталните способности после 27-мата година, откако истите ќе ја
доживеат својата кулминација на 22-годишна возраст.

Timothy Salthouse, професор по психологија на Универзитетот во Вирџинија кој го проучува когнитивното стареење, откри дека резонирањето, брзината на мислата и просторната визуализација почнуваат да опаѓаат на 27-годишна возраст:

„Првата возраст на која беше забележан пад на менталните способности, при тестирањето на брзината на мозокот, резонирањето и способноста за решавање визуелни загатки, беше 27 години. Нештата како меморијата остануваат недопрени до 37-мата година, во просек, додека способностите кои се базираат врз акумулираното знаење, како што се резултатите на тестовите за вокабуларот или генералните информации, се во пораст до 60-годишна возраст.“

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Според професорот Salthouse,  „некои аспекти на намалувањето на мисловните способности поврзани со стареењето кај здравите, едуцирани возрасни, започнуваат кога тие се на 20 и 30-годишна возраст.“[‘Brain decline’ begins at age 27]

- Реклама -