Мозокот на жените е идиот

Кога мажите се палат, се палат и физички, и психички. Кај жените е поинаку – физички возбудените жени често не ни сфаќаат дека се попалени во моментот кога им се случува.

Едно истражување од пред пар години, спроведено на Универзитетот во Кингстон, покажува дека мозокот на жените знае да биде прав идиот. Малку затоа што касни во некои „клучни моменти“, а многу затоа што може да направи по секс-авантурата жената да ти избега од кревет со плачење.

„Сакавме да видиме како субјективното доживување на сексуалната возбуденост кореспондира со физиолошката реакција на гениталиите, и дали мажите и жените се разликуваат во тој аспект“, рече тогаш Мередит Чиверс – авторка на студијата.

Резултатите биле јасни: мажите навеле дека се попалени во истиот момент кога тоа го покажувале и апаратите за мерење, ама кај многу жени се покажало значајно доцнење во реакцијата. Иако апаратите покажувале дека телото е физички возбудено, многу од жените го „почувствувале“ психичкото возбудување многу подоцна, или воопшто не.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Се смета дека заради еволуциските предности, машкиот мозок е синхронизиран со физичките појави, па затоа кај мажите не доаѓа до временска разлика меѓу физичкото и свесното возбудување. За разлика од нив, жените не ни стигнуваат да утврдат дали се возбудени, иако нивните физички реакции го говорат баш тоа – дека се.

Баш заради тоа, после секс кај жените знае да се јави чувство на вина и извесна мера на срам. A тоа дефинитивно објаснува некои работи. Така да, браќа мажи, не се вадете од памет. Некогаш и не е до вас.

- Реклама -