Американската армија ќе инвестира над 2,5 милиони долари во нов проект за безжичен мозочен имплант кој што ќе ги обновува изгубените сеќавања и ќе ги враќа во нормален живот луѓе кои што настрадале од тешки повреди.Уредот треба да биде готов до четири години. Тој ќе создава нови вештачки мозочни врски и така ќе и помага на сивата материја да ги опкружува оштетени делови. Чипот ќе може да помага и за формирање на нови сеќавања. Иако со помал успех, уредот најверојатно ќе помогне и за враќање на изгубени стари спомени, со тоа што ќе му даде на мозокот можност да ја воспостави врската со делови од меморијата, изолирани од повредата.
Американската армија е заинтересирана за проектот, бидејќи сака да им помогне на речиси 270 000 ветерани кои во моментов страдаат од трауматски повреди на мозокот. Покрај нив од чипот, корист можеби ќе имаат и пациентите со Алцхајмерова болест и епилепсија. Уредот ќе оди во комплет со електронска опрема, која ќе биде поставена околу увото и која што ќе ја запази информацијата и ќе ги следи активностите на имплантот. Целта на научниците е да ги започнат клинички тестови во 2017 година.
Ова е последниот апарат кој што остварува врска меѓу мозокот и електронскиот чип. Благодарение на развојот во оваа област веќе беше тестирана и апаратура, која дејствува како бајпас и му овозможува на мозокот директно да го движи телото без помош на рбетен столб.