Една работа што може да се рече за Мозила е дека знаат што сакаат луѓето на интернет. Во обид да мотивираат повеќе луѓе да го користат Firefox, Мозила посвои две вистински „огнени лисици“.
Добро, не се „огнени лисици“ туку две млади црвени панди. Овие две мали „огнени лисици“ живеат во зоолошката градина во Ноксвил, Тенеси, каде што Мозила има поставено веб камери. Ако сакате слатки мали животинчиња, можете да го посетите сајтот на Мозила и да ги гледате како трчаат наоколу, лижат лисја и спијат.
Според пост на креативниот директор на Мозила, Џон Слејтер, црвените панди, кои се загрозени животни, се снимани од шест камери од различни агли. Тој вели дека тие се посебно активни откако ќе добијат храна. Двете панди се женски, и до овој момент сè уште немаат имиња. Посетителите на сајтот можат да оставаат предлози за имиња. А ако сакате да направите нешто добро за нив, спуштете го Firefox, затоа што ако доволно луѓе го спуштат, Мозила ќе им го разубави живеалиштето. [FirefoxLive.org]