Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), болниот може да пренесе полово-пренослива болест само преку директен лице-во-лице контакт. На пример, сифилисот: не се пренесува преку контакт со кваки, седишта, прибор за јадење и слично.
Можно ли е да фатиш полово-пренослива болест во базен или во џакузи? Реалниот одговор е „Да“, но само ако во тој базен/џакузи имаш секс со лице што има полово-пренослива болест. За овие болести да бидат пренесени на друг, неопходна е интимна размена на телесни течности. Во базените, ја нема.
Додуша има други болести што можат да се фатат од пливање во базен. Најчестите се тие од типот на дијарејата, кои се пренесуваат преку ненамерно внесување (ингестирање) на дијареалниот микроорганизам за време на пливањето. Овие се главно предизвикани од фекална контаминација, што се случува кога некој со дијареја оди на пливање и ја контаминира водата со инфективниот микроорганизам. Штом тој се најде во водата, луѓето што ќе внесат доволно од него можат да се разболат.
Затоа, не се бањајте во базени што изгледаат сомнително, а ако сте вие тој со дијарејата, водете сметка за хигиената. Додуша, водете и ако не сте. Што се однесува до полово-пренословите болести, сé додека гениталиите ви се во гаќите – безбедни сте.