Можно е Груевски да има(л) и унгарско државјанство?

Во вчерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21, адвокатот Александар Тортевски рече дека не треба да се исклучува можноста Груевски да има и унгарско државјанство, т.е. дека истото го имал уште пред бегството.

Тортевски алудира на патниот лист кој на Груевски му бил издаден во унгарската амбасада во Тирана, со кој практично му се отворил патот преку целата балканска рута, сé до Унгарија. Тортевски потсетува дека таков документ се издава само на лице кое е веќе државјанин, а го изгубило пасошот. Тој признава и дека државјанство и азил не одат заедно, но кога е Орбан на власт, вели, сé може да се очекува; сé освен тоа дека Груевски ќе биде вратен во Македонија.

Изјавата можете да ја погледнете ТУКА.

 

- Реклама -