Можно е Бајден да најави кандидатура за реизбор порано од вообичаеното

Вашингтон, 12 август 2022 (МИА) – Претседателот на САД Џо Бајден може да соопшти за намерата да се кандидира за повторен избор порано од вообичаеното, веднаш по ноемвриската трка за места во Конгресот, за да ги растера гласините за наводни планови на демократите да објават друга личност во предвечерјето на претседателската трка во 2024 година.

Ова го соопштија некои американски медиум повикувајќи се на свои извори, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Бајден, кој полни 80 години после среднорочните избори кои се одржуваат на 8 ноември, сѐ почесто се судира со сомнежи околу својата политичка иднина, иако постојано нагласува дека има намера да оди на повторен избор.

Бајден е највозрасниот претседател во историјата на САД. Во однос на годините тој го надмина и Роналд Реган, кој од Белата куќа замина после два мандатат на возраст од 77 години.

Во јавноста и кај некои демокарстки првенци (републиканците веќе одамна го истакнуваат тоа) се јавуваат сомнежи дали тoј ќе може да ги издржи тешките испити на претстоjната претседателска кампања и да управува со најголемата економја во светот на возраст од 80 години.

Прочитајте и:  Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси ЕУ

Уште отсега се зборува дека потенцијален опонент на Бајден може да биде републиканецот Доналд Трамп, кој во 2024 година полни 78 години.

Некои агенции дознаваат дека токму поради ова, советниците на Бајден предлагаат тој да објави дека се кандидира повторно порано од вообичаено, за да се претекнат опонентите републиканци.

Лицата кои учествуваа во првата претседателска кампања на Бајден истакнуваат дека предвремената објава би било разумен чекор, како сигнал до донаторите и потенцијалните соперници, кои може да се јават внатре во партијата но и надвор од неа.

Исто така, тоа треба да покаже дека Бајден не е „куца патка“ (избран функционер кој не бара реизбор) како што во САД го нарекуваат претседателот во заминување (обично веднаш по поразот на изборите) и дека демократите се задоволни од неговата агенда, неговата личност и како тој раководи.

Инаку, последните рејтинзи укажуваат на негова нешто над 40 процентна популарност, и дека повеќето Американци сметаат дека Бајден не треба да оди на повторен избор.

- Реклама -