Кречење – страшно досадна работа, најмногу заради сета подготовка што треба да се направи пред да се почне, за да не се најде бојата каде што не ѝ е местото. Ама што ако може да биде поинтересно и спектакуларно? Што ако поставите кофа боја во средина на собата и ја разнесете со некакво експлозивно средство? Ви текнува, така правеше и Мистер Бин…
Crash Zone решија да експериментираат со неколку невообичаени начини да искречат соба, вклучувајќи пеинтбол пиштоли, пеинтбол тимови, таргетирани експлозии и експлодирање на кофа во средина на собата. Спојлер: само регуларното кречење изгледа како што треба… што не значи дека со заедничка иницијатива не можеме да го воздигнеме кречењето со експлозија на кофа во нов вообичаен начин на кречење.