На сликата гледаме црвена крвна клетка на сечилото на еден нож, гледано под микроскоп. Како што знаеме, еритроцитите не можеме да ги видиме со голо око. А сепак, мислиме дека можеме да го видиме сечилото на ножот само затоа што го имаме пред очите. Вистината е дека работ на ножот кој е задолжен за сечењето е невидлив за нашето око. Она што можеме да го видиме не е самото сечило.
Најмалите нешта што можеме да ги видиме се отприлика 10 пати помали од милиметар. Сечилото на солидно остар нож е 50 пати потенко од тоа. Кул, а? Почекајте додека Никола Славкович ви објасни за жилетот. Тој е толку тенок што не можеме ни замислиме. Буквално.