Човечкиот мозок е креиран на тој начин што може да „проголта“ нови вештини и знаења, дури и кога спиеме, пишува Nine MSN.
Тоа е затоа што ако почнеме некаква активност пред спиење, мозокот има способност да ја продолжи потсвесно откако самите ние сме потонати во прегратката на сонот.
До овој заклучок стигнал тим од научници, на чело со проф. Сиднеј Кудие кои што спровеле истражување со учество на 18 волонтери. Кога волонтерите биле будни, тие слушале записи во кои се набројуваат предмети или животни. Учесниците требало да притиснат некое копче со левата рака, ако зборот значел животно, и со десната, ако значи предмет. Во тоа време биле сведок на мозочната активност.
Потоа доброволците отишле во темна собичка во која можеле да полежат и поспијат. Откако заспале се вклучувал нов запис со имиња на животни и објекти. Иако луѓето да не го притискале копчето, во мозокот им се активирала зоната, која била применета при оваа акција, односно мозокот свесно реагирал на информациите кои доаѓаат однадвор.
Веќе е докажано дека ако човек слуша аудио часови по странски јазик непосредно пред спиење, апсорпцијата му се случува полесно. Ова не е изненадувачки, бидејќи постојат одделни области на мозокот кои се поактивни при одредена етапа на сонот, во споредба со онаа кога човекот е во будна состојба.