Можеби нема да стане селектор на Франција, но има шанси да седне на кормилото на Бразил

„Л’Екип“ открива дека Зинедин Зидан е на списокот на желби за нов селектор на бразилската репрезентација.

Бразил сака звучно име за нов селектор, Пеп Гвардиола беше една од желбите во минатото, но платата на Шпанецот ја направи зделката невозможна.
 
Карло Анчелоти исто така се посочуваше како кандидат, но искусниот стратег се чини дека нема намера да го напушти Реал Мадрид пред истекот на договорт во 2024 година.
 
Според пишувањата на Л’Екип, на списокот со желби се наоѓа и Зинедин Зидан, кој во моментов е без работа.
 

- Реклама -