Можеби не сме најбогати, но сме најсреќни!

Истражувањето на агенцијата „Џетпек“ покажало дека  Македонците се најсреќни луѓе на Балканот, а 11 во светот.Истражувањето  било направено врз основа на фотографиите објавени на социјалната мрежа инстраграм, по повод Светскиот ден на среќата.

Во истражувањето биле анализирани повеќе од 150 милиони фотографии од скоро шест илјади градови и 124 земји во светот.

Потоа фотографиите и земјите биле  рангирани според резултатите на „смајли“, а тој резултат покажува колку често личностите на фотографиите се насмеани, односно колку повеќе насмевки на фотографиите, толку подобри резултати за земјата од каде што е фотографијата.

По Македонците, на ранг-листата на најсреќни на Балканот се жителите на Србија, Албанија, па Босна и Херцеговина.

Прочитајте и:  Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија

Во тој контекст ве потсетуваме на Македонското видео за песната „Happy“ – среќа.

- Реклама -