Можеби најкорисниот човек на сите времиња, а никогаш не сте слушнале за него

Norman_Borlaug_(2004)[1]

Името е Норман Борлаг (Norman Borlaug). За него никогаш не сте слушнале, а се смета дека има спасено повеќе луѓе од било кој друг во историјата.

Најмногу го интересирало борење, но додека студирал на Универзитетот во Минесота, ќе му се развие голема љубов кон патологијата на растенијата и генетиката. Преку неговите агрикултурни истражувања ќе се запознае со генетиката на растенијата и ќе стане човекот што комплетно ќе ја смени агрикултурната индустрија.

По примената на неговите познавања на житните култури во Азија и Африка, тој ќе создаде нови видови на жито и напредни методи на жнеење и менаџмент на жетвите, со што ќе им го подобри животот на тие што се мачеа да обезбедат храна за нивните семејства на дневна база. Имплементирајќи ги неговите подобрувања, многу од сиромашните земји најдоа начин да ги победат болестите кои ги уништуваа нивните култури.

borlaug

Во 1940-тите и 1950-тите, тој ги учеше фармерите во истите тие земји како соодветно да ги култивираат културите и како да одгледуваат нови видови. Неговиот удел во агрикултурата ја започна „Зелената револуција“, која почна со реновирање на полјоделските практики во Мексико во 1940-тите, а подоцна во 1950-тите и 1960-тите се рашири и низ светот, значително зголемувајќи ја количината на калории по одгледан хектар.

Се смета дека има спасено од глад повеќе од милијарда луѓе, што ја прави неговата Нобелова награда за мир тотално заслужена. За да придонесе уште повеќе, Борлаг подоцна стана и биолог.

norman_borlaug_africa[1]

Борлаг е олицетворение на идеалот за тоа да се остават твоите дела да зборуваат за тебе. Тој започна едно од најпозитивните движења во човековата историја, а сепак тоа го стори тивко и незабележливо. За неговата работа ќе рече дека е „привремен успех во човековата војна против гладот и лишеноста“.

Тие малкумина што знаат за него, заради бројните признанија го сметаат за еден од највлијателните луѓе во историјата. Борлаг создаде едноставно решение за нешто што беше огромен проблем во животите на многумина.

5344906-3x2-700x467[1]

- Реклама -