Може ли тој да знае дека глумите оргазам?

Колку пати сте добиле разни совети за сексот? Дали сте се запрашале дали тие совети се реални? Ако одговорот е не, тоа го направила Трејси Кокс, сексолог и авторка на бројни книги за секс.

Секси долна облека ќе го освежи сексуалниот живот

Sexy-Underwear-J131-

Може ли нова секси долна облека да ги реши проблемите во спалната соба? Ако вашиот единствен проблем е тоа дека сте западнале во рутина, тогаш може затоа што покажува дека се трудите и дека сакате да ја подобрите ситуацијата. Но, ако проблемите се поголеми и побројни, тогаш нова секси долна облека нема да ве спаси.

Разговарајте за сексот

Кога сексуалниот живот е квалитетен, тогаш луѓето гласно зборуваат за сексот. Но, кога работите не одат добро, тогаш двајцата партнери нагло замолчуваат. И тука е проблемот затоа што за проблемите треба да се разговара, а не да се кријат под тепих. Секој кога тогаш има сексуални проблеми и не е крај на светот кога ќе се случи тоа. Но, за проблемите треба да се разговара, а не да се молчи.

Ако имате добар секс, во вашата врска сѐ е во ред

sex-good-for-your-health (1)

Добриот секс навистина може да биде показател на состојбата во вашата врска, но тоа не е правило. Кога тогаш страсниот секс всушност може да покаже дека вашата врска не е во ред.

Мажот може да ја открие жената ако глуми оргазам

Многу малку мажи може да го откријат тоа. Повеќето од нив всушност се премногу возбудени за да забележат работи како што се промена во дишењето, контракција на вагината,забрзана работа на срцето. Ако глумите оргазам, многу е веројатно дека нема да бидете фатени, но би било добро да не глумите – заради себе.

Вашиот секс треба подолго да трае

rby-sex-31-de-9151425

А кој вели така? На некои жени за оргазам им се потребни пет минути, а на некои 40. Така што нема правила за тоа колку треба да трае сексот.

- Реклама -