Може лу круз- контролата да ве убие?

Од пред неколку десетици години круз-контролата е нешто вообичаено во автомобилите. Тој им се допаѓа на возачите за на долги релации по автопатиштата и на оние кои посакуваат економично возење. Но, не сите со употребата на овој систем би биле крајно спокојни?!

Новата студија на фондацијата VINCI, покажува дека овој систем создава вистински опасности. Во истражувањето учествувале околу стотина испитаници, поставени во симулатор, за да бидат дел од четири различни сценарија – пристигнување на пунктот за плаќање на патарина, на местото на инцидент со камион, менување на лентата за движење, влегување во зона на контролен радар.

692_Cruise-control-470-2

Секој од учесниците ги минал четирите сценарија по три пати – еднаш со трмпомат, втор пат со ограничување на брзината и без употреба на уредите. При првото сценарио, дел од возачите не правеле толку често корекции во лентите на движење, а кај останатите учесници, времето за реакција е одложено со околу една секунда. При брзина од 110 km/h оваа секунда значи продолжување на патот на сопирање за околу пет метри. Круз-контролата некако го деангажира возачот од процесот на возење, што неминовно може да создаде проблем на патот.

134_Cruise-control-470-3

Од истражувањето станува јасно дека возачите треба да внимаваат и да знаат кога да го користат уредот. Истражувачите велат дека идејата е не да се откажат возачите од користењето на круз-контрола и другите слични уреди кои навистина им даваат предност во однос почитување на режимот на управување, удобноста и економичноста на гориво. Ова е само предупредување овие уреди да се користат мудро и да се преземат соодветни мерки за заштита од опасни ситуации.

791_Cruise-control-470-5

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -