Карпеста егзопланета наречена Глизе 581d би можела да биде првата планета покрај Земјата способна до поддржи живот. Астрономи откриле дека планетата се наоѓа во идеалната зона на нејзината ѕвезда. Според нивното истражување егзопланетата би можела да биде слична на Земјата во неколку клучни полиња, со океани, облаци и дождови.
Овој заклучок е во согласност со резултатите од уште неколку слични студии. Но студиите не можат со сигурност да утврдат дали на површината на планетата навистина има вода која би можела да поддржи живот. Новата студија претпоставува дека Глизе 581d, која е околу седум пати помасивна од Земјата, има густа атмосфера базирана на јаглерод диоксид. Тоа е многу веројатно на планета со таква големина, но не е сигурно.
Ѕвездата на Глизе 581d, Глизе 581, е црвено џуџе кое се наоѓа на 20 светлосни години од Земјата. Досега астрономите откриле шест планети кои орбитираат околу ѕвездата, а Глизе 581d не е единствената која го привлекува вниманието на научниците кои размислуваат за живот надвор од Земјата. Друга планета во истиот систем Глизе 581g, е околу три пати помасивна од Земјата, и исто така би можела да има карпест состав. Оваа планета прилече многу внимание кога нејзиното откритие беше објавено во септември минатата година, бидејќи се наоѓа точно во средината на идеалната зона.
Тоа значи дека Глизе 581g е совршен кандидат за планета со вода во течна состојба и живот. Единствен проблем е што не сите се согласуваат дека истата постои. Некои истражувачки не се согласуваат со анализата која била искористена при откривањето на планетата и велат дека не можат да потврдат дали таа воопшто постои во последователните студии. Астрономите кои ја откриле пак стојат зад своето откритие.
Глизе 581d орбитира подалеку од ѕвездата отколку 581g, толку далеку што кога првпат беше откриена во 2007 научниците мислеа дека планетата би била премногу студена за живот. Но силен ефект на стаклена градина би можел значително да ја загрее 581d, дури и до тој степен истата да овозможи вода во течна состојба. Тоа е заклучокот од новата студија, како и неколку други студии на различни истражувачки тимови кои исто така ја анализирале можната атмосфера на Глизе 581d. [Is the rocky alien planet Gliese 581d really habitable?]