Истражувачите ширум светот знаат дека капсаицинот – биоактивната состојка поради која чили пиперките се толку лути, може да го забрза вашиот метаболизам и да ви помогне побрзо да се заштитите.
Меѓутоа, истражувањето спроведено на американскиот универзитет UCLA сугерира и дека една друга слична состојка, која се наоѓа и во обичните пиперки, може да помогне во губењето на несаканите килограми.
Во студијата, претставена на семинарот насловен Experimental Biology, одржан во сончевата Калифорнија, учествувале 34 испитаници кои консумирале нискокалорични течни оброци во текот на 28 дена. Половина од испитаниците заедно со оброците консумирале и додаток кој содржи „блага“ верзија на капсаицинот (DCT), додека останатите испитаници добивале плацебо таблети.
Истражувачите откриле дека групата што добивала DCT трошела речиси двапати повеќе енергија од групата која добивала плацебо таблети, а таквиот ефект бил видлив и до неколку часа по консумацијата на оброкот со додаток).
Иако постојат доста докази дека лутите пиперки можат да го забрзаат метаболизмот и побрзо да доведат до тоа да се чувствувате сити, ова истражување им дава надеж и на тие што не се баш фанови на лутото.
Проблемот е единствено во тоа што ефектот на забрзување на метаболизмот може да е ограничен кај луѓето со прекумерна телесна тежина. Исто така, треба уште еднаш да се истакне дека истражувањето било фокусирано на луѓе кои консумирале течни оброци, а не „нормална“ храна.
Иако се подразбира дека треба да се направат уште истражувања за да се потврди ефектот на „благиот капсаицин“ во губењето на килограмите, вклучувањето на пиперките во вашата исхрана никако не може да ви наштети. Пиперките содржат многу малку маснотии и калории и претставуваат свежа намирница што ќе ви помогне здраво да се храните, што и самото по себе е најдобриот начин за успешна борба со килограмите.