Од многу книги и филмови сме слушнале дека животните и луѓето – особено најжестоките кучиња и вооружените измамници – можат да го „намирисаат стравот“.
Научните докази покажуваат дека стравот можеби навистина има хемиски компоненти кои ги чувствуваме, без да ги сфаќаме, пишува MentalFloss.
Во 2009 година тим научници од Германија направиле експеримент во кој собирале примероци од потта од две групи учесници – кај едните од фитнес тренинг, а кај други од стрес пред испит. Трета група студенти биле испитувани со функционална магнетна резонанца, носејќи модифицирани кислородни маски со кои мирисале воздух заситен со молекули од потта на првите две групи. Кога ги прашувале што чувствуваат, половина од нив дури не успеале да регистрираат мирис. Дури и кога ја препознавале, учесниците не забележувале разлика помеѓу двете групи. Но, експертскиот скенер раскажува сосема поинаква приказна. По миризабата на примероците од учениците кои се потат, чекајќи испит, во мозокот на учесниците била регистрирана активност во центрите поврзани со сочувството, социјални сигнали и соживување со туѓите емоции. Потта од вежбите не ги активирала овие центри. Истата година од Универзитетот Рајс спроведоа сличен експеримент со неколку разлики. Првите две групи гледале страшни филмови или комедии, а учесниците од третата, додека ги мирисале примероците гледале слики и морале да ги дефинираат искажаните емоции. Потта од луѓето кои гледале хорор филмови, ги поттикнала учесниците почесто да посочуваат дека лицата изразуваат страв. Сепак, никој досега не откри какви точно се овие хемиски сигнали и каков е механизмот на нивното дејство.