Како можеше да изгледа iPhone 5 (видео)

Како ќе изгледа мобилната комуникација во иднината? Google мисли дека ќе биде пар очила, IBM претпочита направи кои читаат мисли.

Дизајнерот Федерико Цикаресе смета дека телефоните ќе бидат исти, со малку променет дизајн. Наместо плочка со екран на допир која се држи во дланката, неговата идеја за “iPhone 5 new” е заоблен дизајн кој се носи на дланката.

Направата е прицврстена со пет тенки и малку морничави „нозе“ кои се обвиваат околу прстите и зглобот. Главниот дел или „телефонот“ изгледа слично како и добропознатиот iPhone но заобленото куќиште изгледа како да е флексибилно.

{youtube}0IyHXC6JUmE{/youtube}

Дизајнот изгелда прекрасно а научно фантастичниот елемент е навистина привлечен, но идејата на пет „нозе“ кои се обвиткуваат околу раката е малку морничава. Сепак, како што научивме од футролите за ремен, проблемот останува дека телефоните не се добри модни додатоци.

- Реклама -