Можеме без секс, не можеме без кафе

Најновите истражувања покажаа дека жените попрво би се одрекле од сексот на недела дена, одошто од кафето и мобилниот телефон.

Испитаничките одговарале на прашањето дали полесно би им било да издржат без секс една недела, или без кафе и телефон.

Дури 34% од жените одговориле дека полесно би издржале без секс, додека само 5% одговориле дека не би можеле да се откажат од него.

59b68c9efd097c35b22ce53ff33374c5_view

Од друга страна, според исражувањето, поголем процент од мажите попрво би се откажал од сексот на една недела одошто од алкохолот.

Од ова испитување може да се заклучи дека на повеќето мажи и жени, кафето, алкохолот и модерната технологија им се подраги од оргазмот.

- Реклама -