Можеби нема да ја доживее 5-та година, па му ги исполнија сите желби

Малечкиот Кениец Нкатоле, е едно од многуте деца во Африка кои немаат чиста вода за пиење, причина поради која секојдневно умираат 4100 деца помали од 5 години.

Би помислиле дека едно четиригодишно детенце е премало за да има список со желби кои би сакал да ги исполни пред смртта, но за децата од Кенија ова не е воопшто чудно.

1714881665520fa5bcb0ee3456990682_origОрганизацијата „Water is Life“ одлучи да го привлече вниманието на јавноста за овој огромен проблем, па го сними видеото во кое ги исполнува желбите на Нкатоле, за барем едно од многуте деца од Африка да има исполнети соништа.

Ширум планетата Земја дури 780 милиони луѓе немаат питка вода, и се изложени на ризик смртно да се разболат пред воопшто да добијат шанса за живот.

- Реклама -