Може ли Алиша Кис да го спаси BlackBerry?

Кога на 30 јануари на конференцијата во Њујорк BlackBerry Limited ги претстави бројните новитети, најголемо изненадување предизвика именувањето на пејачката Алиша Кис за глобален креативен директор.

Логичното прашање што се наметнува е дали оваа успешна музичарка и повеќекратна добитничка на Греми награди може нешто да направи за компанијата BlackBerry.

alicia

„Бев во долга врска со BlackBerry и тогаш почнав да забележувам нови, позгодни, попривлечни телефони во тератана“, се пошегува Кис на конференцијата, признавајќи дека тогаш на кратко „ја раскинала врската“ со својот BlackBerry телефон.

„Сепак, ми недостигаше вашата организираност и начинот на кој ми помогнавте во промовирање на мојата работа. Така почнав да користам два телефони, истражував нови полиња. Тогаш вие ми се јавивте и ми рековте дека малку сте вежбале во последно време. И сега повторно излегувам со вас“, рекла Кис.

Alecia Keys

Иако деталните планови за нејзините активности не се обелоденети, најавени се првите потези. Нејзината улога ќе биде со своите креативни идеи да ги приближи BlackBerry телефоните до корисниците ширум светот и да ги претстави нивните предности.

За таа цел бројни компании и претходно ангажирале познати ѕвезди, но тие кампањи најчесто завршувале без успех. Аналитичарот на трендови во технологијата Роб Ендерли во разговор за порталот „Government Technology” рекол дека Кис би можела да донесе голема промени за компанијата затоа што претходно ја сработила домашната задача.

„Таа отиде чекор понапред од другите ѕвезди кога е во прашање заинтересираноста за бројните детали кои не ја засегаат, покажувајќи дека навистина сака да направи промена. Седна со професионалците од компанијата и постави едноставен услов – доколку сите не работат кон унапредување едноставно ќе ја напуштам компанијата“, наведува Ендерли.

alicia bb

Првиот проект, освен спонзорството на нејзината најавена турнеја, наскоро ќе биде претставен под називот „Your City. Your Video“. За сега се знае дека во прашање е проект во рамки на кој фановите од сите градови во кои пејачката ќе одржи концерти ќе креираат видео записи со своите ББ телефони, а потоа истите ќе бидат монтирани во една разгледница.

Покрај Кис, компанијата го ангажирала и писателот Нил Гејман кој својот нов роман ќе го пишува на ББ телефон, со сугестии од корисниците од целиот свет, додека свој проект наскоро ќе претстави и режисерот Роберт Родригез.

[youtube]http://youtu.be/7OPdJYF_ujM[/youtube]

- Реклама -