Моцарт го намалува стресот, Брамс ја олеснува астмата

Слушањето на избрани композиции, го намалува нивото на кортизол, хормонот одговорен за стрес, а го поттикнува хормонот на среќата. Омилената музика ги проширува крвните садови.

Следен пат кога ќе почувствувате главоболка, пред да испиете некоја таблета, обидете се проблемот да го решите со некоја композиција од Вивалди. Музикотерапијата се покажала многу ефикасна и кај други болести.

Терапијата со музика или brain music therapy не е ништо ново, само е малку позапоставен облик на терапија која во фокус ја става музиката и само музиката, т.е. нејзино слушање за чија благодарност мозокот моделира своја активност и по одредено време станува опуштен. Како иновативна форма на терапијата, музиката почнала да се применува во почетокот на 19 век, и ако размислиме подобро, таа всушност е антички метод.

Од почетокот на човештвото разни исцелители користеле тапани, ѕвона и слично, за да ги истераат болестите од телото, депресијата, очајот и други непожелни состојби на умот и духот. Пред околу две години американската Cochrane Library следела ученици на терапија со музика или слушање на музика кај околу 2.000 пациенти заболени од рак; во споредба со пациенти кои добиле вообичаена терапија, комбинираните податоци од повеќе студии покажале дека кај пациентите кои имале терапија со музика е забележано намалена болка и подобрено расположение. Дополнително и отчукувањето на срцето кај тие пациенти во просек било пониско од останатите.

Каква музика да се одбере? Ако сте во дилема која музика да ја одберете, лекарите и на тоа поле направиле некои студии.

Така, да речеме делата на Бах и Вивалди можат да го регулираат високиот крвен притисок, музиката на Вивалди им одговара и на пациентите кои страдаат од епилепсија. Глинка се препорачува за заболените од срцеви болести, Брамс би требало да го слушаат оние кои имаат проблеми со астмата, а оние пак, кои страдаат од несоница би можеле да слушаат музика од Моцарт, Бах или Бетовен. Делата на Дворжак се препорачуваат на луѓе со низок крвен притисок, делата на Моцарт даваат одлични резултати при лечење на мажи со еректилна дисфункција.

За мусикотерапијата да биде ефикасна важно е да се одреди музичкиот жанр на секој пациент, и да се дефинираат тоналитетот на композициите и темпото. На тој начин секој болен добива алгоритам, врз основа на кој што се прави изборот на композициите.

Според научниците, најмногу помага класичната музика. Американски лекари работеле на истражување кое покажало дека рок музиката која се пушта на мали деца, предизвикува агресивно однесување, а класиката ги смирува. Одлиечен избор е Симфонијата на g-moll на Моцарт (прв став), Серенадата „Мала ноќна музика“, увертирата од „Свадбата на фигаро“ и „Волшебната флејта“, како и аријата Фигаро од „Свадбата на Фигаро“, клавирски сонати, „Турски марш“…

Инаку, истражувањата покажале дека музиката на Моцарт влијае на порастот на коефициентот на интелигенција. Љубителите на музика во Америка, кои биле претплатени на концерти во една сезона, исклучиво од Моцарт, биле тестирани на почетокот и крајот на сезоната. Резултатот од истражувањето покажал дека во текот на тие неколку месеци, кај слушателите пораснал коефициентот за 10-15 единици.

НАЈДОБРИ КОМБИНАЦИИ

Срце

*Против срцева слабост, висок притисок и дијабетис треба да слушате музика и Битлси и Валцери на Дворжак.

*Против срцева слабост, висок притисок и холестерол се препорачуваат  Марк Нофлер и „Влацерот на цвеќето“ од Чајковски.

*Против срцева слабост и дијабетис поволно влијае „Утро“ од Едвард Григ.

Несоница

*Против несоница можете да си ја пуштите „Аве Марија“ од Шуберт и аријата на Хендел во „largo“, од операта „Ксеркс“.

* За опуштање се препорачуваат „Ноктурната“ од Шопен, „Симфонијата од новиот свет“ на Дворжак.

Напнатост

*Напнатоста лесно може да ја намали свитата „Per gint“ од Едвард Григ.
*Против страв и немир најдобри се свитите на Бах и делата на Чајковски.

Расположение

*Расположението може да го подигне увертирата од операта „Руслан и Људмила“ на Глинка, „Болерото“ на Равел, „Кан-кан“ на Офенбах, валцерите на Штраус.

Емoции

*Клавирската музика на Фредерик Шопен, особено неговите „Ноктурна“, влијаат на позитивни емоции.


* Вашите емоции ќе станат динамични и енергични, доколку пуштите прв став од било кој концерт на Рахмањинов.

Депресија

Против депресија пуштете ја „Кавалерија Рустикана“ oд Маскањиј и „Хорот на Евреите“ од операта на Верди „Набуко.


- Реклама -