Мотоциклист излетал во непристапна провалија на автопатот Скопје-Велес

Илустрација

На 04.09.2018 година околу 16.45 часот на автопат Скопје-Велес, мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(43) од Прилеп, удрил во рабник и банкина и излетал од коловоз на непристапен терен, се вели во Билтенот на МВР.

Со асистенција на Противпожарната бригада-Скопје, М.А. бил извлечен и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

- Реклама -