BMW и Hyundai преговараат околу можноста за соработка во производството на мотори, преговорите се на зачеток, а соработката може да опфати и други области на автомобилската сфера.
Информацијата вели дека двете компании разговарале за „обемна унија“, вклучувајќи заеднички развој на мотори и споделување на трошоците за нови технологии. Во германското издание Automobil Produktion се наведува дека претседателот на Hyundai Motor Group, Монг Чунг се сретнал со високи менаџери од BMW во Минхен. Според аналитичарите, таков сојуз би бил корисен за двете компании: партнерство ќе му овозможи на BMW да инкасира многу повеќе средства, а на Hyundai да добие пристап до високо перформансни бензински мотори со голем волумен.
Пред околу половина година BMW соопшти официјално дека ќе соработува со Toyota при развојот на еколошки технологии од следната генерација. Недела подоцна беше соопштено дека BMW ќе работи и со американскиот автомобилски гигант General Motors за соработка развој на технологија за водород автомобили. Баварците соработуваат и со PSA Peugeot Citroën со кои создадоа заедничко вложување со еднакво учество на двете страни, наречено BMW Peugeot Citroën Electrification.
Објавено во соработка со Авто Плус.