Мост без ограда: Само за експерти! (видео)

Досадата за време на патување може да предизвика многу несреќи, па возачите стануваат се помалку претпазливи и фокусирани, особено на правите и добро осветелени патишта. Многумина сметаат дека има нешто повеќе во идејата дека поопасните услови на патот водат кон побезбедно и повнимателно возење.

На пример, мостот што поминува над реката Нијодо во Јапонија, во префектурата Кочи. Без никакви бариери и огради, возачите мораат внимателно да го одржуваат правецот и да бидат потполно свесни за околината.

bp3v_ngcaaiiqt4-large

Кога фотографиите биле раширени на Интернет, гледачите веднаш ги поистоветиле со фрустрирачкото ниво „Rainbow Road“ во картинг играта „Super Mario Kart“. Само што овде немате алатка што ќе ве врати на патот, ако случајно излетате.

toptpo

Овој мост е всушност низок мост, дизајниран да биде поплавен кога нивото на водата во реката ќе порасне, но сепак изгледа повисоко, за разлика од останатите ниски мостови од неговиот тип. Еве како изгледа да ја поминете реката преку „вистинскиот Rainbow Road“:

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Она што вознемирува во видеото е дека кога автомобилот ја достигнува другата страна, станува очигледно дека мостот е двонасочен. Иако е ова рурална област и нема многу активен сообраќај, можеме само да замислиме што може да се случи кога во погоден момент, со густа магла, би се сретнале со автомобилот од спротива на средина од мостот. Дури и да избегнете несреќа, еден од возачите ќе мора да го извози во рикверц!

Ако некогаш имате потреба да поминете преку мостот, понесете си амајлија.

- Реклама -