Москва: Русија ќе одговори на одлуката на Финска да им даде пристап на САД до базите

Русија ќе одговори на одлуката на Финска да им дозволи на САД пристап до нивните воени бази, изјави денеска портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

-Можам само да потврдам дека Русија нема да го остави неодговорено военото трупање на НАТО на нашата граница, што ја загрозува безбедноста на Руската Федерација, рече заменик портпаролот Андреј Настасин.

Тој додаде дека „ќе ги преземат неопходните мерки, вклучително и од воено-техничка природа, за да се спротивстават на агресивните одлуки на Финска, како и на нејзините сојузници во НАТО“.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив
- Реклама -