Москва до Фон дер Лајен: Лидерите на ЕУ треба да ги „оладат главите“, од нивните одлуки страдаат граѓаните

Москва, 23 јуни 2022 (МИА) – Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека лидерите на Европска Унија би требало да ги „оладат главите“ бидејќи поради нивните одлуки страдаат граѓаните.

Володин реагира на вчерашната изјава на претседателката на Европска Комисија, Урусла фон дер Лајен, која наведе дека жителите на Европа со намалување на температурата во нивните домови за два степена би можеле да ги надоместат сите испораки на гас преку гасоводот Северен поток.

„Температури во Целзиусови, Келвин и Фаренхајт. Меѓутоа, во Европа, како дел од претседателот на Европската комисија, ќе се појави нова скала – според Урсула“, напиша Володин на Телеграм.

Тој додаде дека „според Урсула“, со намалување на температурата за десет степени, жителите на Европа би можеле да се откажат од гасот што се испорачува преку гасоводот Турски поток, украинскиот коридор, нафтоводот Дружба и дека со намалување на температурата за само уште еден степен може да се откаже и јагленот од Русија.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -