Морски Орбитер а ла Жил Верн

julesverne1На сликата е претставена
спектакуларна платформа која е дизајнирана да крстосува низ океаните со
помош на струјата и ветерот. Оваа уникатна креација наречена Морски Орбитер е дизајнирана од познатиот француски архитект Жак Ружери(Jacques Rougerie).


 

julesverne

 

На сликата е претставена спектакуларна платформа која е дизајнирана да крстосува низ океаните со помош на струјата и ветерот. Оваа уникатна креација наречена Морски Орбитер е дизајнирана од познатиот француски архитект Жак Ружери(Jacques Rougerie).

 

Дизајнот сугерира на фантастичниот свет на Жил Верн и всушност три метарскиот модел на оваа платформа е испратен на изложбата на Жил Верн во Париз. Вистинската големина на бродот ќе биде 51 метар во височина, од кои 2/3 ќе бидат под вода и ќе содржат најразновидни лаборатории за проучување на подводниот живот. Горниот дел од Морскиот Орбитер ќе биде научна станица за проучување на климата и промените во водата и атмосферата. 

 

За 16-члениот екипаж ова ќе биде едно комплетно ново искуство, аналогно на она со живеењето во спејсшатл.
 
julesverne

- Реклама -