Природната морска сол е поздрава и има лековити својства. Оваа сол содржи повеќе од 80 состојки кои што имаат позитивно влијание врз здравјето, кожата и косата.
Морската сол помага за балансот на нивото на киселините во организмот, па така се елиминира ризикот од фатални болести. Таа помага за зајакнување на имунолошкиот систем кој што полесно може да се бори со разни болести како грип и алергии.
Морската сол има влијание и на кардиоваскуларниот систем. Научниците докажаа дека редовната консумација на сол, растворена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото. Солта исто така го контролира крвниот притисок и ја нормализира дисфункцијата на срцето.
Метаболичките пореметувања како дијабетес можат успешно да се лекуваат со морска сол, бидејќи тоа им помага во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.
Повеќе од 20% од натриумот во човечкото тело се акумулира во коските, што се оштетуваат при недостиг на минерали во крвта кај телесните течности. Со додавање на морска сол во храната може да се избегне, или да се олесни остеопорозата.
Морската сол е корисна и за респираторниот систем, а минералите и структурните честички на алгите, кои се содржат во морската вода, помагаат за обновување на слузницата. Солта е добар извор на калиум, кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна.
Морската сол помага и за прочистување на крвта. Содржи големо количество витамин Ц, кој што дејствува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали. Бањите со морска сол го стимулираат лачењето на вишокот на вода од кожата и сврзното ткиво. Така се спречува натрупувањето на вишокот течности, со што кожата станува поцврста, млада и здрава. Таа е многу погодна како природен пилинг за кожата, бидејќи нејзината текстура помага во отстранувањето на слојот мртви клетки од кожата.
Морската сол е природен лек против мрсна коса. Солта помага за апсорпција на вишокот на масти од косата, бидејќи ја прави мека и убава. Благодарение на богатството од минерали во морската сол, косата добива волумен.